Macedonian

Macedonian | Mакедонски

Државната служба за вонредни ситуации (State Emergency Service - SES) е доброволна организација која може да ви помогне во вонредни ситуации предизвикани од поплава или невреме. Не треба да платите за оваа услуга.

Ако телефонирате на 132 500, доброволци од ЅЕЅ ќе дојдат во вашиот дом ако е поплавен или оштетен од невреме. Исто така може да побарате преведувач. Доброволците на ЅЕЅ секогаш носат портокалова униформа. Тие се искусни за реагирање на вонредни состојби предизвикани од поплава и невреме.

За повеќе информации како да ги подготвите вашето семејство и вашиот дом за поплави и невреме, ве молиме видете подолу.

Ако не ги разбирате овие информации, побарајте помош од член на семејството, пријател или сосед.

Општи пораки

Вонредни состојби може да се случат секаде и во секое време.

Ако сте подготвени за вонредни состојби, може да го намалите влијанието на вонредната состојба и побрзо да ги поправите последиците од неа.

Сакаме да обезбедиме сите жители на Викторија да бидат подготвени и да знаат што да прават ако области во нивна близина бидат погодени од невреме или поплава.

Ако ви треба преведувач за да ви помогне со информации за вонредни состојби, јавете се на Службата за писмено и усно преведување на 131 450 (бесплатни повици) и побарајте да телефонираат на дежурната линија на VicEmergency (1800 226 226).

Ако познавате некого кој не зборува англиски, дајте му го овој број.

Бидете внимателни после вонредна состојба, бидејќи може и натаму да постојат опасности.

Може да не биде безбедно да се вратите дома или на работа.

Останете информирани - следете ги предупредувањата за невреме и поплава преку дежурната линија на VicEmergency (1800 226 226) или на веб-страницата на VicEmergency - https://emergency.vic.gov.au/respond/

Конкретно за невреме

Невреме може да се случи секаде и во секое време.

Невремето може да донесе силни ветришта, поплави од поројни води, крупен град и молњи.

Невремето може да предизвика големи штети и да ви го загрози животот.

Ако ви треба преведувач за да ви помогне со информации за вонредни состојби, јавете се на Службата за писмено и усно преведување на 131 450 (бесплатни повици) и побарајте да телефонираат на дежурната линија на VicEmergency (1800 226 226).

Планирајте што ќе правите и што ќе земете со себе ако треба да се евакуирате.

На веб-страницата на VICSES - www.ses.vic.gov.au може да дознаете како да го подготвите вашиот дом и/или работното место, и што да правите за време на невреме.